Мизо:Се надевам првиот квартал од наредната година ќе имаме околу 10 - тина фирми

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо пред почетокот на трибината „Странските директни инвестиции како двигател на македонската економија”, синоќа изјави дека се надева дека во првиот квартал од наредната година ќе имаме околу десетина фирми кои ќе ги објават веќе донесените одлуки за инвестирање во Македонија.

- Најважно е што се трудиме инвестициите да ги има низ целата држава, „Џонсонс контролс” во Штип, „Кромберт и шуберт” во Битола, „Дрекслмаер” и сега „Кофикабс” во Кавадарци. Американска компанија која ќе произведува воздушни перничиња планира да отвори околу илјада работни места во Кичево, истакна Мизо.

Претседателот на Комисијата за економија и финансии при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Илија Тренчев, подвлече дека влијанието на директните странски инвестиции е доста поволно.

- Тоа се докажува преку фабриката „Дрекслмаер” и веќе најавената „Кофикабс”, како и останатите инвестиции низ другите градови во Македонија, нагласи Тренчев. 

26.12.2013 - 10:05
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега