Приходите од царините и акцизите поголеми од лани

Директорот на царинската управа Ванчо Каргов денеска истакна дека очекува годинава приходите од царини да бидат поголеми за седум проценти, а зголемување за најмалку пет проценти ќе има и кај акцизите.

- Според податоците што ги имаме до вчера, очекуваме дека приходите од царините ќе бидат околу седум проценти поголеми од минатата година, а исто така и акцизите со надоместоците кои ги наплатуваме ќе бидат најмалку за пет проценти поголеми во однос на лани. Тоа е она што го имаме како информација досега, но имаме уште пет дена до крајот на годината, изјави денеска директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, одговарајќи на новинарски прашања.

26.12.2013 - 13:54
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега