Ракометарите поразени во контролниот меч со Словенија

Македонските ракометари го загубија првиот контролен меч пред ЕП, од Словенија со 31:26. На теренот излегоа 16 ракометари, додека Обрван ги поштеди Пецаковски и Митков кој останаа на трибините. 

Македонија добро го почна дуелот, имаше и позитива од четири голови разлика 10:6, но не го зачува до паузата и на полувреме се отиде со нерешен резултат 12:12.

Потоа Словенија ја презема целосната иницијатива и имаше водство од 1-2 гола во текот на целото второ полувреме за на крајот убедливо да слави.

Ова беше единствениот контролен натпревар планиран за време на подготовките кои се одржаа во Пореч. Националниот тим денеска  се враќа во Македонија, а на турнирот во „СРЦ Кале“, кој ќе се одржи од 3-5 јануари, ќе се одиграат пријателски натпревари со Србија и со Црна Гора. 

29.12.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега