Како Заеви се збогатија за 6-7 милиони евра ако бизнис климата е лоша?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека нема поволна бизнис клима во Македонија, а сепак во интервјуто за МТВ истакна дека неговото семејство има 6 до 7 милиони евра капитал, кое го заработиле токму времето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува денеска порталот Курир.

Прашањето кое се наметнува во јавноста е како фирмите на Заеви заработиле толку многу во изминатите години, ако како што Заев тврди, деловниот амбиент во Македонија е лош?

-Заев во интервјуто откако најпрво изрази смешно тврдење во кое не поверува никој, според кое тој со богатство од 6-7 милиони евра припаѓал на средната класа, подоцна во интервјуто кажа дека 90 отсто од капиталот кој го стекнало семејството Заеви било создадено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Курир.

-Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции, изјави Заев при гостувањето во МРТ.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на митингот на владејачката партија во Струмица годинава говореше за тоа како семејството Заеви пред влезот на лидерот на СДСМ во политиката имале само неколку мали бизниси, а денеска не можат да се добројат нивните фирми.

-Пред влезот во политиката, некаде во 2002 година, можеше да се пофали со неколку мали бизниси неговото семејство, од типот на продавница за прехранбени производи, тулана и мала штедилница, а денеска овде во Струмица некој ако почне да ги брои фирмите на кланот Заеви, не може да го заврши броењето, изјави премиерот Груевски на митингот во Струмица за време на локалните избори

Еден милион евра се ништо за Заев

Како што пишува Курир, тврдењата на Заев дека во Македонија нема добра бизнис клима и покрај фактот што самиот вели дека капиталот на неговото семејство е стекнат во времето на ВМРО-ДПМНЕ, според познавачите е само уште една небулоза искажана од струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, по онаа дека тој со богатство од 6-7 милиони евра припаѓал на средната класа.

Познавачите сметаат дека самиот факт што Заев сумата од“шест до седум“ милиони евра ја искажа како да еден милион евра се неважни, доволно говори затоа како милионерот од “средна“ класа ќе се бори за враќање на средната класа и воопшто за исполнување на сето она што сега се ветува.

Курир потсетува дека Зоран Заев, лидерот на СДСМ кој наводно и припаѓа на средната класа, во петокот пристигна на средба со тутунарите со луксузно возило Ауди А8, чија вредност се проценува на околу 80.000 евра.

-Оттука е нејасно како Зоран Заев и СДСМ зборуваат за враќање на средната класа, а при посетите и средбите со граѓаните насекаде низ државата, се појавуваат со скапи и луксузни возила. Очигледно, според перцепцијата на Зоран Заев за средната класа, секој граѓанин кој поседува луксузно возило кое чини 80.000 евра и богатство од 6-7 милиони евра би требало да припаѓа на истата, пишува Курир.  

30.12.2013 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега