Хакер украде сервер на Би-Би-Си

Еден руски хакер целосно ја презел контролата над компјутерскиот сервер на информативната куќа Би-Би-Си и се обидел пристапот и информациите да ги продаде на други хакери.

Не е познато дали хакерот ги продал информациите пред да реагира британскиот јавен сервис, а Би-Би-Си одбива да го коментира инцидентот.

Новинарите на Би-Би-Си регуларно го користеа тој сервер за испраќање на своите извештаи, а во последно време е користен и од огласувачите, кои ги праќале своите реклами.

Хакерот ги користел псевдонимите „Хаш“ и „Револвер“. Не се знае дали е уапсен.

31.12.2013 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа