Разбојници го тресат Скопје: Влегле со пиштол во Кам Маркет и излегле со 3.000 евра

Засега непознати разбојници се збогатиле со 3.000 евра, откако го ограбиле Кам маркетот во скопско Топанско Поле.

Според информациите од полицијата, грабежот се случил вчера околу 20 часот кога вооружени и маскирани разбојници влегле во Кам маркетот лоциран на улицата Џон Кенеди во скопско Топанско Поле.

Маскираните крадци им се заканиле со пиштол на двајцата вработени и од касата земале околу 3.000 евра.

Полицијата трага  по разбојниците.

31.12.2013 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега