Тргнал од Македонија за Белград со четири тони домати и лути пиперчиња

 

Царинските работници на граничниот премин „Терминал“ кај Прешево спречиле шверц на четири тони зеленчук, од кои два тона домати и два тона лути пиперки.

Доматите и пиперките се отркиени во камион кој ги транспортирал од Македонија во Србија, а увозник била фирма од Врање.

- Станува збор за 2.015 килограми домати и 2.080 килограми лути пиперчиња наменети за пазарот во Белград. Стоката не беше пријавена, велат од Царинската управа за он-лајн изданието на весникот „Вечерње новости“.