Метео предупредување: Невреме доаѓа кон Македонија
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со максимални температури до 35 степени.
Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Како што соопшти УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Денеска во попладневните часови во планинските региони, а в четврток и в петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа