Тешка несреќа во Скопје, мотоцикл усмрти пешак

 

 

Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски регистарски таблички удрил во пешак.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, мотоциклот го управувал 22-годишниот М.О. од Скопје, а при несреќата животот го загубил 72-годишниот пешак К.Г., исто така од Скопје. Смртта на местото на настанот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.Возачот на мотоциклот по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а увид на местото на несреќата извршила екипа од Министерството.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

01.07.2025 - 23:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега