ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДС и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека сакаат да мотивираат и други

 


Веќе трет ден изминува, а СДС и Венко Филипче уште громогласно молчат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Нивниот молк е доказ дека зад заканите и говорот на омраза на Костадинов кон новинарот, стојат токму Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев.

До некаде, молкот на Филипче и не изненадува толку. Затоа што, тоа Костадинов се охрабрува и зема сила јавно да се заканува со ликвидација на новинар, е и директно мотивирано токму од Венко Филипче.

Затоа што тој креира и шири атмосфера на паника, страв и хаос, со цел дестабилизација, како што беше и примерот со неговиот советник во Кочани.

Тоа што СДС и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото.

На очајниот Венко Филипче не му останува друг начин да го привлече вниманието на јавноста, па ги пушта своите пулени и послушници, како Костадинов, да сеат страв и да разгоруваат тензии.

Ваквото примитивно однесување и јавни закани од избрани функционери, не смее да поминат неказнето.

Затоа, очекуваме и го повикување Јавното обвинителство да го процесуира случајот и да отвори постапка против струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.

Од друга страна, пак, се ближат избори и народот заслужува да знае кој е Венко Филипче, затоа бараме јавно да појасни што точно застапува и која му целта“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

02.07.2025 - 09:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега