Манасиевски: За една година изградивме тоа што СДС и ДУИ не можеа за седум

 

Тоа што владата на СДС и ДУИ не можеше да го изгради за седум години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за само една година, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

На СДС и ДУИ им требаа 7 години, неколку анекси и класифицирани договори, пенали и казни од неколку стотици милиони евра за патот Кичево-Охрид да го напреднат за само 10%. Или пак, 300 милиони евра за 10 километри за патот Скопје-Блаце, или во превод, 30 милиони евра за само 1 километар пат, на кој блиски лица на СДС и ДУИ, купуваа имоти за да можат потоа да инкасираат средства од државата.

За само една година, работите се свртеа за 180 во инфраструктурата, а долгоочекуваниот пат Кичево-Охрид ќе биде готов до 2026 година. Во употреба беа пуштени експресните патишта Градско-Дреново и Куманово (Страцин)-Крива Паланка, патниот правец Охрид-Св.Наум, регионалниот пат викан понов мост кај влезот на Богданци, а започната е со изградба на 4 автопати Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Кичево-Охрид, како и Прилеп-Битола.

Паралелно со патната инфраструктура се развива и модернизира железничкиот сообраќај, се пушти во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце, железничката линија Скопје-Куманово, а во изградба е и  железницата Бељаковце – Крива Паланка.

Во делот на авиосообраќајот се воведени нови 11 авиолинии од двата аеродроми, а се разговара и за воведување на нови 20 авиолинии, со кои ќе имаме зголемен број на туристи во државата.

Почитувани,

Ова се само дел од проектите кои ги има или се реализираат во Министерството за транспорт, за кои беа потребни само една година. Замислите, каква инфраструктура ќе имавме денес, ако за изминативе 7 години, СДС и ДУИ работеа барем 10% од она што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го направи досега. Затоа, за само една година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, изјави Манасиевски.

03.07.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега