Пожар пепелоса пилана во Берово

Вчера избувнал пожар во пиланата „БЦ Транском“ во беровското село Ратево.

Од пламените јазици кои ја зафатиле пиланата пеплосани се десетина кубни метри дрвена граѓа, кровната конструкција од објектот и дел од преработените дрвени материјали. 

Пожарникарите навреме успеале да го локализираат пожарот.

Полицијата работи на случајот за да открие која е причината за избувнување на пожарот.

најчитано сега