Земјотрес во Косово - се стресе и Македонија

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/osetenost или јавете се на 112.

16.07.2025 - 23:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега