Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево

 

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, утре ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот „Прохор Пчински“.

Во Скопје, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, заедно со пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на споменикот на Никола Карев, на споменикот на АСНОМ и на споменикот на Методија Андонов - Ченто.

Паралелно, делегација на Собранието во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески ќе положи цвеќе во Крушево: на гробот на Никола Карев, споменикот на хероите од „Слива“, а потоа ќе  присуствува на панихида во храмот „Св. Никола“ и на централната прослава на „Мечкин Камен“.

01.08.2025 - 20:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега