Судир меѓу ДУИ и ВРЕДИ поради влез на српски капитал во земјава
Двата опоненти од албанскиот политички блок, ДУИ и ВРЕДИ се препукуваат за наводно продирање на српски капитал и влијание во земјата.
ВРЕДИ тврдат, ДУИ одамна престанала да ги штити интересите на Албанците, откако како што велат, дозволила влез на српски и црногорски компании во клучни економски сектори, вклучитечно во мобилната индустрија и казината.
„ДУИ го донесе ‘српскиот свет’ во срцето на земјата, го воведоа МТЕЛ, дозволија пенетрација на српските подземни структури и преку Бујар Османи работеа за Белград и против Косово“, се наведува во соопштението. ВЛЕН најавува дека ќе продолжи да ги брани евроатлантските вредности и националните интереси на Албанците.
ДУИ, пак, одговори дека ВРЕДИ во изборната кампања на претходните парламентарни избори ветила основање на Албанска банка со доминантен албански капитал како гаранција за економско зајакнување и рамномерен регионален развој.
ДУИ повтори дека државата не смеела да дозволи влез на српска банка на македонскиот пазар бидејќи тоа, според нив, бил дел од дестабилизирачките интереси на Белград.
И двете партии со денови се обвинуваат една со друга за предавство на интересите на Албанците и за поддршка на т.н. „Српскиот свет“ во Македонија. Со оглед на предизборието, се очекува дека оваа тема ќе се најде во политичката дебата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа