Разговорите меѓу Белград и Приштина во критична фаза

Разговорите меѓу Приштина и Белград влегуваат во критична фаза, бидејќи Алијансата за иднина на Косово најави повлекување од дијалогот, пишува весникот „Трибуна“. 

Алијансата го смени својот став, поврзан за дијалогот меѓу Приштина и Белград, сопосредство на ЕУ. Партијата на Рамуш Харадинај сега смета дека дијалогот е „деградиран и штетен за Косово“.

Потпретседателот на Алијансата за иднина на Косово, Ахмет Исуфи потврди дека партијата не може понатаму да го поддржи овој процес.

- Дијалогот е деградиран и ја загуби смислата, истакна Исуфи.

Според него, веќе подолго време двете страни го губат времето враќајќи се на сто прашања за кои веќе постојат договори и кои треба да се имплементираат.

Како што пишува „Трибуна“, главната причина за повлекувањето ќе биде фактот дека Бриселскиот договор, заедно со уште некои договори кои се сметаат за технички, не се спроведуваат туку напротив повторно се враќаат како теми во разговорите.

06.01.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега