По пролетта среде зима на Балканот метеоролозите најавуваат шок во февруари

Вистински температурен шок најавуваат метеоролозите од февруари. Обилни снежни врнежи и ниски температури се очекува да го зафатат Балконот кон крајот на овој месец ида се задржат се до март.
Меорологот Неболша Субановиќ од хрватскиот Метео-инфо вели дека моментално натпросечното топло време е последица на делувањето на простран циклон .
„Во такви околности, нашите краеви и поголемиот дел од Европа е под влијание на топла воздушна маса од Медитеранот и Африка. Поради тоа, времето е потопло од обично“ - вели Субановиќ и додава дека е тешко да се прогнозира кога ќе ја почувствуаме вистинската зима. Сепак, тој додава дека нагло опаѓање на температурите може да се очекува кон крајот на јануари, проследени со обилни врнежи од снег, а таквото време би можело да се задржи до март.
Експертите коментираат дека таквите температури шокови лошо ќе се одразат на земјоделските посеви и овошките.
Среќна околност е што во моментов на планините на Балканот речи си и да нема снег, што значително го намалува ризикот од поплави на пролет. Сепак, евентуални интензвини снежни врнежи во феврари можат да придонесат за зголемување на водостоите и враќање на ризиците од поплави. 

07.01.2014 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега