НБА плеј оф: Чикаго немоќен против шампионот

Екипата на Мемфис продолжува со добрите игри и резултати против Оклахома Сити, па ноќеска ја постигнаа третата победа во конференциската полуфиналната серија од НБА плеј-офот. По конечните 103:97 извојувани по продолжение Мемфис поведе со 3-1 во добиени натпревари.

Домашната екипа во своите редови имаше повеќе расположени играчи – Мајк Конли постигна 24 поени, Зак Рендолф имаше 23 поени и 12 скокови, а Марк Гасол 23 поени и 11 скокови.

Кај Оклахома Сити најефикасен беше Кевин Дјурант кој постигна 27 поени, но во решавачките моменти немаше реализација.

На вториот натпревар одигран ноќеска, шампионот Мајами предводен од Леброн Џејмс го совлада Чикаго на негов терен со 88:65. Леброн Џејмс постигна 27 поени во третата победа за неговиот тим кој сега води со 3-1 во победи.

Следниот натпревар се игра на теренот на Мајами и со победа шампионот ќе се пласира во финалето на конференцијата.

Вечерва се играат натпреварирте Сан Антонио – Голден Стејт (2-2 во победи) и Индијана – Њујорк (1-2). 

најчитано сега