Италијански „Капитал“: Македонија - скриен бисер на Балканот

Македонија е скриен бисер на Балканот, со рамниот данок од 10 отсто, специјални економски зони и минимална бирократија земјата ги нуди најдобрите услови за водење бизнис во Европа, се вели во анализата на италијанскиот економски и финансиски месечник -Capital, издание на медиумската куќа ClassEditori во декемвриското издание.

-Не можат да се употребат просечни изрази кога се зборува во Македонија. Оваа млада нација во срцето на Балканот е земја која во последните 10 години регистрира еден од најголемите растечки трендови во светот. Според Светската банка оваа некогашка југословенска републка е на 25 место во специјалниот извештај на Дуинг Бизис 2014, стои во анализата на Capital.

Магазинот наведува дека реформите за поедноставување на трговијата и стимулирање на нови компании даваат резултати. Според италијански Капитал, рамниот данок од 10 отсто, екстермно ниските фискални давачки, едношалтерскиот систем кои на инвеститорите им овозможуваат да регистрираат компанија за само еден ден, како и целосното ослободување од ДДВ и царинските давачки на извозно ориентираните компании, претставуваат пример како една мала држава успеа да направи инвестициски бум и тоа во време на финансиска криза.

-Иницирани и силно поддржани од Премиерот Никола Груевски кој е на чело на државата од 2006, овиереформи покажаа како мала држава може да привлече мултинационлани компании од целиот свет, како руската Протек Груп – гигант во фармацевскиот сектор или американската Џонсон Контролс која произведува делови за автомобилската индустрија, се вели во статијата.

-Во 2012 година компанијата Сол во Македонија фактурираше скоро 10 милиони евра од вкупно 583 милиони кои беа остварени на ниво на цела групација, притоа тоа реализирајќи инвестиции во Македонија од над 30 милиони евра за да ја искористи стратешката позиција на Балканскиот полуостров, вели извршниот директор на компанијата, Алдо Фумаџали Ромарио за Капитал, додавајќи дека пред неколку месеци Сол доби четири концесии за управување на четири хидроелектрани во земјата.

-Јасен индикатор за бизнис атрактивноста на оваа земја се гледа во капацитетот да привлече голем број на индустриски групации кои со текот на времето ќе реинвестираат придонесувајќи за развој како на земјата така и на ниво на групшацијата. Ова е уште еден поттик за Владата која не запира во напорите да го подобри фискалниот систем, изјавил за Капитал, министерот за странски инвестиции Бил Павлевски.

Според директорот наТИРЗ, Виктор Мизо, по 2006 оваа Влада има дадено значителен придонес за развојот на Технолошките индустриски зони. Станува збор, вели тој, за вистински слободни економски зони, основани за привлекување на страски инветсиции.

-Една од последните олеснувања е т.н зелениот канал за слободно царинење. Ова е еден од факторите која ја убедиле групацијата "Витело" лидер во секторот на хидраулика да ја отвори компанијата Технохозе која произведуа гумени црева наменети за пазарите во Југоисточна Европа и Русија. Компанијата влегла со иницијална инвестиција од 10 милиони евра, објснува Мизо.

Премиерот Груевски, пак, за Капитал вели дека околу 60 отсто од нашиот извоз е кон Европската Унија. Нашиот влез во Унијата, вели тој, ќе придонесе за стабилизирање на земјата не само од економски аспект.

-Земјата е кандидат од 2005, сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Дури и судот во Хаг пресуди во нашата полза но сепак страдаме од вето од Грција поради спорот со името на нашата земја, вели Груевски за Капитал.

Месечникот Капитал е дел од водечката медиумска куќа за финансии, економија и мода во Италија, Class Editori.

 

08.01.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега