Се разбудија пчелите во Хрватска - комарци ја нападнаа Србија

Поради невообичаените високи температури за овој период од годината, во Хрватска и Србија се разбудија пчелите и комарците. 

Според податоците, Хрватска има проблем со пчелите, а според пчеларите, тие се многу активни  и трошат премногу храна што е невообичаено за овој период од годината, па доколку дојде до нагло заладување можен е помор на пчелите.

Во Србија пак е регистрирана појава на комарци, што според професорот на Факлултетот за ветеринарна медицина, Милутин Ѓорѓевиќ, не е чудно имајќи ги пред вид температурите кои се над 15 степени.

09.01.2014 - 14:43
Фото: 
Црнобело

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега