Дирекцијата за заштита на личните податоци го зголемила обемот на инспекцискиот надзор

 

Во минатата година Дирекцијата за заштита на личните податоци го зголемила обемот на инспекцискиот надзор. Направени се 368 инспекциски надзори, во споредба со 2011 кога биле извршени само 146, истакна денеска директорот Димитар Ѓеорѓиевски пред пратениците презентирајќи го Годишниот извештај за работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2012 година.

- Главен стожер на Дирекцијата е инспекцискиот надзор, кој дава преглед на работата на инспекторите во следењето и имплемтанцијата на прописите за личните податоци. Зголемен е обемот на инспекциски надзори од 368 за разлика од 2011 кога биле 146, 2010 -117. Потенцираме дека превентивната улога на инспекцискиот надзор кај нас дава одлични резултати бидејќи имплементацијата на прописоите, особено во јавниот сектор ги даде посакуваните резултати, изјави Ѓеорѓиевски.  

Освен Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2012 година, Собранието ги усвои и годишните извешати за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2012 година, на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година и на Агенцијата за пошти за 2012 година.

 

најчитано сега