Продолжува поддршката на Албанија за македонската евроатланска интеграција

Продолжува цврстата поддршка за Република Македонија во нејзините напори за членство во евроатлантските институции за каде што ги има исполнето сите критериуми предвидени со актите и на НАТО и на ЕУ. Ова е заедничката порака од државниот врв на Република Албанија што беше искажана на средбите кои денеска ги имаше министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери во Тирана со претседателот Бујар Нишани, претседателката на Собранието Џозефина Топали, премиерот Сали Бериша и министерот за одбрана Арбен Имами.

- Ги поддржуваат нашите напори за изнаоѓање одржливо и прифатливо решение околу прашањето за името што постои со јужниот сосед, изјави министерот Џафери по средбата со премиерот Бериша,јави известувачот на МИА.

- Треба и понатаму со заеднички напори да продолжиме да бидеме дел од настојувањата за изнаоѓање и продуцирање мир и демократија во регионот и во светот таму каде што ние учествуваме, рече министерот Џафери.

Билатералната соработка меѓу двете министерства за одбрана и армиите ќе се продлабочува и преку размена на искуства, обуки и едукации како на полигонот „Криволак“ и центрите за комуникации и за обука на пилоти во Македонија, така и во Тирана во Командата за обука и доктрини.

 

најчитано сега