Затворен скопскиот аеродром „Александар Велики“

Маглата утрово го отежнува патниот и воздушниот сообраќај, додека железничкиот засега се одвива без застој.  

Намалена видливост од 20 до 100 метри има во Скопско, Кумановско, Тетовско, Битолско, во Прилеп, Охрид, Струга, Македонски Брод, Штип, Кочани и Велес.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патишта се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ изутринава се откажани и полетувањата и слетувањата.

13.01.2014 - 08:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега