Самарас: На Грција не и се потребни нови кредити

Има доста позивитни индикации, кои укажуваат на раст. Во четвртиот квартал на 2013 година првпат е регистриран раст, иако мал, а во 2014 година се очекува тој раст да биде поголемизјави грчкиот премиер АндонисСамарас.

Тој смета дека во текот на следните месеци ќе се знае дали по шест години рецесија, строги економски мерки и реформи, како и со невработеност од 27 отсто, Грцијаќе успее да направи пресврт кон подобро.

Споредн него позитивните успеси на туризмот минатата минатата година влеваат надеж дека оваа година ќе биде уште подобра, а според некои проценки и рекордна со над 17,8 милиони туристи.

Во врска со прашањето за евентуална нова европска помош за Грција, Самарас истакна дека на Грција не и се потребни нови кредити.

13.01.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега