Србин ќе ни го олесни животот: Измисли уред кој заштедува 50 отсто гориво!

Србин дефинитивно смислил начин како да ни го олесни животот. Јовица Пешиќ од Пирот измислил уред кој овозможува заштеда на горивото во моторите со внатрешно согорување и до 50%.

Како што јавува Б92, освен што со овој уред може да се заштеди, исто така, се намалуваат и штетните гасови како јаглерод моноксид. 

- „Интересно е што резултатите на овој уред се подобри на постари мотори, какви што и најмногу се возат во нашиот регион. Така со вградување на уредот на стар трактор ИМТ успеав да остварам заштеда на горивото од преку 50 отсто, што е навистина извонреден резултат.  Додека работи моторот, од него се создаваат цел куп гасови, кои се запаливи, а не се користат за добивање енергија во самиот мотор. Овој уред помага и тие гасови да бидат согорени во самиот цилиндар на моторот, така што во издувот на моторот да нема речиси никаков чад, објаснува Србинот.

Па, браво за ова големо откритие.

13.01.2014 - 12:12
Фото: 
тхинк.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега