Иванов во трка за нов претседателски мандат?

Претседателот Иванов е целосно подготвен за влез во нова претседателска трка на изборите на пролет. Според неофицијални информации до кои дојде Press24 неговиот кабинет е подготвен за изборна кампања иако во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го предложи, се уште нема конечно решение кој ќе биде кандидатот што ќе се соочи со граѓаните во март или април. 
Неколку медиуми веќе објавија дека и во партиските анкети Иванов добро котирал меѓу граѓаните, па не се исклучува можноста, ВМРО-ДПМНЕ да му довери можност за нов мандат.  Во игра се и имињата на професорот Владо Поповски и дипломатот Срѓан Ќерим, а кандидатура на внатрепартиските избори најави и професорот Јове Кекеновски
Интересно е што токму името на Иванов може да биде повод, владејчката ДУИ да ја напушти владината коалиција. Таквите информации вчера во јавност ги пушти пратеничакта Ермира Мехмти. 
Во меѓувреме, молк околу претседателската кандидатурта владее и на Бихаќка. И додека партиите молчат, јавноста шпекулира со неколку имиња меѓу кои како најсериозен кандидат се јавува Стево Пендаровски.

14.01.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега