Европската унија загрижена за БиХ поради отсуството на напредок

Како што соопшти весникот “Вечерњи лист“ европскиот комесар за проширување Штефан Филе, кој денеска пристигнува во Сараево, на лидерите на Босна и Херцеговина ќе им ја пренесе пораката дека Европската унија е загрижена за ситуацијата во оваа држава поради отсуството на напредок и дека оваа незаинтересираност може да доведе до уште поголеми последици.

“Филе, според неговата функција, е должен да се обидува да го доведе до крај сето она што досега било правено. Верувам дека тоа зависи од Филе, но и од волјата на локалните партнери да се дојде до решение, изјави вчера во Сараево лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), Златко Лагумџија. 

17.01.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега