ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од одговор за скандалозното богатење на фирмите на Заев

Владејачката партија  оценува дека СДСМ продолжува со манипулациите во јавноста за да го сокрие скандалозното богатење на фирмите на  Заев во Струмица, кои директно од Заев и oпштина Струмица добивале милионски суми од јавните набавки.

- СДСМ бега од одговорите на прашањата, како е возможно речиси сите фирми од кланот Заеви да добијат тендери во oпштина Струмица. Како е возможно милионски суми да добиваат фирмите на таткото, чичкото, стрината и братучедите на Зоран Заев. СДСМ не можат да го сокријат фактот дека нивниот претседател Зоран Заев ја лажеше јавноста за личното и семејното богатсво. СДСМ со ниту една конструкција не може да ги покрие лажните суми кои што пред јавноста ги искажа Зоран Заев, а кои потоа беа демантирани со официјални документи и податоци, се вели во реакцијата.

 

17.01.2014 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа