Kина заинтересирана за пристаниште во Албанија

Делегација на кинеското Министертво за трговија, задолжена за Европа, го посетила пристаништето Шенѓин во Албанија  за да се запознае со можностите за конкретни инвестиции.Посетата доаѓа по најавата на албанската Влада за давање под концесија на пристаништето.

Кинеската делегација се сретнала и со директорот на пристаништето, Ѓовалин Туша, со кого разговарале околу проектот Еуропорт „Орлицата на Јадранот“ и неговата реализација.

Проектот се предвидува да се изгради еден километар од пристаништето, со капацитет од 60 милиони тони стока и прикотвување на бродови до 500 илјади тони.

 

 

 

19.01.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега