Еве како оваа тинејџерка заработува по 40.000 долари месечно

Познато е дека денеска младите уживаат во времето поминато на социјалните мрежи, но додека повеќето од нив само ги разгледуваат содржините или пак играат најразлични игри, една тинејџерка од Америка ефективно го троши нејзиното време и времето поминато онлајн да го претвора во пари.

Осумнаесетгодишната Бетани Мота, на интернет сервисот "YouTube" има повеќе од 4,8 милиони следбеници, повеќе од планетарно познатата пејачка Лејди Гага.

Таа заработува дури по 40.000 долари така што објавува снимки на кои што покажува како ја средува својата коса, каква козметика користи и каква гардероба најмногу сака да носи, а дел од нејзините видеа достигнуваат гледаност и повеќе од 600.000 пати.

Младата тинејџерка  минатата година завршила со средното образование и сега живее со своите родители во Калифорнија. Својата популарност ја стекнала преку објавувањето на видео снимки на кои што таа покажува чанти, блузи, украси за коса, козметика, различна облека и накит, а дава и совети за изработка на најразлични украси.

 

Нејзината популарност е и мотив за компанијата "Aeropostale", која на пазарот неодамна лансираше линија на облека и накит, а колекцијата го носи токму името Бетани Мота.

20.01.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега