Србија се приклучува кон европската борба против ГМО

Околу 100 градови и општини во Србија кои досега ја усвоиле декларацијата против генетски модифицирани организми ќе формираат сојуз на градови и општини и ќе се приклучат кон европската борба против ГМО.

Миладин Шеварлиќ, претседателот на друштвото на аграрни економисти на Србија, изјавил дека практично 80 отсто од населението во Србија, кои живеат на територијата на тие општини се изјасниле против ГМО.

“На чекор сме од основање Сојуз на градови и општини во Србија, кои усвоиле декларација, а потоа на ред доаѓа и приклучување на сојузот во Европската федерација без ГМО за да се вклучиме во европските текови на борба против генетски модифицираните организми”, вели Шеварлиќ.

Европската федерација брои околу 5.000 општини. 

20.01.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега