Во полициска акција во Белград и Нови Сад се уапсени 16 наркодилери

Во Белград и Нови Сад денес беше организирана координирана акцијаво која биле  претресени 50 станови, куќи и возила на наркодилери и приведоа 16 лица.

Првиот потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ изјави дека за приведените има доволно докази за подигнување на обвиненија.

Во акцијата запленети се поголемо количество марихуана, наркотици и оружје.

- Со ова државата покажа дека не се плаши од никого и оти најсилните на белградскиот и на српскиот асфалт на ниту еден начин не можат да се мерат со силата, волјата и енергијата на државата, посочи Вучиќ.

20.01.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа