Автобус излетал од патот и се забил во зграда - повредени двајца патници

Во страотна сообраќајна несреќа во Белград две лица завршија со повреди. Според информациите на српскиот Курир, до несреќата дошло откако на автобус на линијата 511, околу 16 часот во текот на вчерашниот ден, му откажала електрониката, при што возачот загубил контрола и со автобусот полн со патници се забил во зграда.

Откако му се закочило се, возачот на автобусот наместо да сврти десно, одненадеш свртел лево, па се качил на тротоар и удрил во зграда. Двајца од патниците се здобиле со повреди, а во несреќата биле оштетени и три паркирани возила.

Вистинско чудо е тоа што во оваа несреќа има многу малку повредени лица, а исто така и за среќа загинати нема.

21.01.2014 - 09:13
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега