Пришол до прозорот од автомобилот и почнал да пука - еден убиен еден повреден

 
Со неколку истрели од огнено оружје, 36 годишниот Мичо У. утрово нешто по полноќ го убил 29 годишниот Александар Ј. и го ранил неговиот пријател, 39 годишниот Сашо Д. во центарот на Алексинац, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, Мичо му пришол на автомобилот марка Митцубиши и почнал да пука низ прозорот. На лице место загинал Александар, додека Сашо, кој бил на совозачкото седиште со повреди бил префрлен во болница и според информациите, не е во животна опасност. 

Се уште нема информации кои се мотивите за убиството

21.01.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега