ЕБОР: Годинава растот на БДП во Македонија три отсто

Европската банка за обнова и развој денеска прогнозира раст на македонската економија од три проценти годинава. Се работи за 0,3 отсто повеќе од претходната прогноза.

Според овој извештај само Косово ќе има поголем раст од Македонија од 3,5 проценти, додека економијата на Црна Гора ќе порасне за два процента, на БиХ и Бугарија за 1,8 отсто, Албанија за 1,7 проценти, Србија за 1,3 отсто и Хрватска за еден процент. 

За одржливо закрепнување потребно е земјите во регионот да продолжат со структурните реформи и да се справат со последиците од кризата, вклучително и високите стапки на нефункционални кредити и долгорочна невработеност, се вели во извештајот.

Првпат по 2011 година нето приватните капитални текови се негативни во регионот на ЕБОР во третиот квартал.

ЕБОР укажува и дека се намалува степенот на задолженост, пред се во некои земји од Централна Европа и Балтикот, како и Југоисточна Европа.

21.01.2014 - 12:34
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега