Филе: Денеска е историски ден за Србија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе упати честитки до српските власти и им порача дека ова е еден историски ден и за Србија и за ЕУ.

Тој, по завршувањето на првата меѓувладина конференција на Србија и ЕУ, истакна дека почетокот на преговорите е заслужено признание за напорите и храбрите потези на раководството во земјата.

“Клучна беше решителноста на српските власти да ги прифатат реформите во текот на годините и храбриот труд во претходните месеци со цел да се нормализираат односите со Приштина”, нагласи Филе на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Ивица Дачиќ, вицепремиерот Александар Вучиќ и шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Тој додаде дека ова денеска беше првиот важен чекор на највисоко политичко ниво. 

21.01.2014 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега