Ќерката на Џеј: Се уште се слушаме со Адил

Ќерката на српскиот пејач Џеј не смее да зборува за Адил и инцидентот кој се случи во нивната куќа, пред судското сослушување кое ги очекува. Според податоците на српскиот Курир, само поради нивното тримесечно бебенце, Адил и Ана и понатаму се во контакт, но не се гледаат откако тој ја претепа само два месеци по породувањето.

- Немојте ништо да ме прашувате. Одете кај Адил јас се брзам. Адил го гледа детето и се слушаме по телефон, но не се гледаме, вели Ана на кратко за Курир.рс.

За потсетување, по куса расправија, Адил ја претепа Ана два месеци по породувањето во нивната семејна куќа. Оваа вест ја шокираше јавноста и предизвика бура негативни реакции и коментари. По инцидентот кариерата на Адил е на стаклени нозе, итој прави се што е можно за да се врати на сцената.

21.01.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега