Бугарија е држава со најголем ризик за перење пари

Советот на Европа ја повика Бугарија да го прошири законодавството во областа на борбата против перењето парите и финансирањето на тероризмот.

 

Во извешатај на експертската група на Советот на Европа, Комитетот „Моневал“ за начинот на кој Бугарија ги спроведува меѓународните и европските норми, се оценува дека најголем ризик за перењето парите во оваа земја доаѓа од организираните меѓународни криминални групи кои го користат бугарскиот финансиски систем за пласмани и легализирање на средствата заработени од криминални активности надвор од Бугарија.

 

Според „Моневал“, Бугарија глобално ги исполнува законските норми во оваа област, но треба да ја зголеми листата на престапи за покривањето на сите категории за пиратство, манипулации на пазарот и финансирањето на тероризмот.

21.01.2014 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа