Трговијата со деца се повеќе 'цвета" во Грција

Како што соопштија грчките медиуми никој точно не знае колку бугарски деца се жртви на трговија со луѓе, која очигледно „цвета“ во Грција, и покрај напорите на властите да и стават крај.

Од земјите во регионот, Бугарија е најцврсто втемелена во бизнисот со нелегални посвојувања во Грција.

Случајот со „русиот ангел“  Марија, која беше најдена во ромски камп во Фарсала стана светска вест , а само пред неколку дена петмина Бугари беа уапсени при обид да бебе кое имало само 11 дена. Според грчката полиција, двајца од нив биле фатени за ваков случај и во 2006 година, а се уште не е утврдено каде се наоѓаат другите две деца на биолошката мајка на детето.

Но, ова се само два од случаите кои станаа познати поради нивниот голем публицитет.
Тарифите за бебињата варираат. Додека бебето во Волос било „испазарено“ за пет илјади евра, во јуни минатата година полицијата во Солун пресече мрежа , чии членови се обиделе да продадат бебе до две недели за 15.000 евра. Во рамките на операцијата беа уапсени вкупно пет лица , меѓу кои и биолошката мајка на детето.

За време на истрагата во болничкиот регистар и службата „Граѓанско состојба“  на општината во Ламија, грчките медиуми утврдиле дека во периодот 2007 - 2012 од вкупно 274 деца родени од мајки со бугарско државјанство, 107 биле дадени на посвојување. 

22.01.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега