Ристовски и Јанкуловска на панел дискусија за семејното насилство и медиумите

Без сеопфатна и широка граѓанска и јавна партиципација не ќе е можно успешно спротивставување и анулирање на семејно насилство и неговите, без дилема, секогаш трауматични и болни последици, потенцира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешниот панел на тема „Во партнерство со медиумите до општество со нулта телеранција за семејно насилство“, што се одржа во Скопје.

- Можеби е разбиена фамата на семејното насилство, оној непријатен молк и трагична дискретност која што порано по правило го следеше овој реален проблем, но тоа не значи дека сме стигнале до целта, напротив, нагласи Јанкулоска.

- Според мое убедување, кога јавноста се соочува со проблемот на семејното насилство, би било погрешно ако тоа се третира само како настан, вест која што сама по себе обезбедува некаков ексклузивитет, рече во обраќањето Јанкулоска и посочи дека семејното насилство односно неговите причинители колку што лежат во индивидуалните предиспозиции, во иста мера може да се детектираат и во општествено-социјалните околности кои бездруго имат свое влијание врз таквото кримниногено поведение.

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски само со заеднички напори, унифициран и конзистентен пристап на сите субјекти во процесот на справување со семејното насилство, можеме да зборуваме за интегрирано справување со овој криминален чин и адекватно третирање на жртвата.

Ристовски потсети и на усвоената владина Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, што ќе се имплементира преку спречување, заштита, помош и поддршка на жртвите на семејно насилство, гонење на сторителите, мултисекторска соработка и подигнување на институционалните капацитети, како и следење и евалуација.

 

најчитано сега