Вардар подобар од Шкендија во Тетово

ФОТО: ФК Вардар

Шампионот Вардар успешно помина уште една пречка на патот кон одбраната на титулата откако попладнево во Тетово ја победи Шкендија со 1:0. Победоносниот гол за „црвено-црните“ од Скопје го постигна Филип Петров во 73.минута.
 
Три бодови во 30.коло од Првата македонска фудбалска лига освои и второпласираниот Хоризонт Турово на гостувањето во Кичево против Напредок победувајќи со 2:0.
 
Постигнати резултати на другите денешни четири дуели од оваа рунда: Ренова – Брегалница 2:1, Металург – Работнички 1:1, Силекс – Дрита 1:2 и Тетекс – Пелистер 0:0.
 
Табела: Вардар 61 бод, Хоризонт Турново 60 бодови, Металург 56, Работнички 47, Шкендија 44,  Ренова 41,  Брегалница 40, Напредок 37, Дрита 33, Пелистер 31, Силекс 22 и Тетекс 22