Митева: Кочанската болница добива целосна реконструкција

 


Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во Кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри.

Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три до четири недели.

Владината портпаролка, Марија Митева, информира дека е почнато со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа.

Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот, поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа која ги поврзува и горните оддели над физикална медицина – конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати.

„Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи е дека по долги години се оспособува хидрантската мрежа која беше целосно нефункционална, и во тек е поставување на нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. Ова не е само реконструкција – ова е јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“, рече Митева.

Информираше и дека се преземаат  сериозни чекори за подобрување на условите во Пониква, каде од утре ќе бидат примани и пацинети.

Министерството за спорт целосно ги опремило двете игралишта за рекреација, поставени се комарници, кои се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје Кочани

20.06.2025 - 14:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега