Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје
Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица.
20.06.2025 - 21:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа