Аманда кршела ребра за да има совршен струк

Една од најпознатите трансексуалки во Њу Јорк Аманда Лепор, која на само 19 години извршила операција за промена на полот, проговори за пластичната операција и болките низ кои поминала за да го добие изгледот кој го посакувала.

Благодарение на својот изглед, таа стана светски позната. Меѓутоа, за да стигне до тоа ниво, претрпела многу трансформации.

"Мислам дека Ракел Велч и Шер исто така кршеа ребра.  Ја направив таа операција во Мексико затоа што е забранета во САД. Ми го скршија реброто на грбот и ме стеснија, така што немам никаква лузна" - вели Лепор за магазинот “Into the Gloss”.

На лицето има направено операција на усните, носот, затегнување на лице и други помали интервенции.

“Наместо да ги имитирам девојките со кои сум пораснала и кои правеа шеги на моја сметка, одлучив да изгледам како филмска ѕвезда”, вели Аманда, пејачка и танчерка.

Таа истакна дека во нејзините тинејџерски денови имала женска линија и дека тоа и помогнало во нејзиниот изглед. Аманда во моментов работи на нов музички албум и пишува мемоари.

24.01.2014 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега