Жељко Самарџиќ: Даниел Кајмакоски е 10 нијанси подобар од другите

Жељко Самарџиќ на прашањето од Телеграф.мк дали и покрај многубројните обврски има време да го следи популарното музичко шоу „Х-Фактор”,изјави веќе има свој фаворит, без разлика што веќе не се натпреварува во шоуто.

- Даниел Кајмакоски е одличен, можеби десет нијанси подобар од сите други, но по мој вкус, Фифи пее најдобро. Тој е феномен, бидејќи во него има и маж и жена, неговиот дисбаланс во гласот му дава многу вешто да владее со неговиот вокал – изјави Жељко за телеграф.мк, кој за Кајмакоски додаде дека тој е веќе формиран пејач, но дека најважно е што ќе се случи со него кога сето тоа ќе заврши, односно дали ќе му дадат да отпее добра песна.

24.01.2014 - 23:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега