Милан очајно ја моли Севе да најдат решение за детето

Милан Поповиќ поранешниот сопруг на Северина, по секоја цена сака да најде решение за редовно да може да си го гледа детето и заеднички да се грижат за него со Северина.

Близок извор на Милан вели дека тој не бега од тоа да седне со Северина и да разговараат за условите за гледање на синот Александар, како и за алиментација. Според него тоа природно родителите директно да разговараат за детето, а не тоа да го прават преку институции.

Милан неколку пати се обидел да договори состанок со Северина, преку телефон, пораки и слично каде предложувал да се видат насамо и да се договорат но Севе одбила и инсистирала комуникацијата да се одвива исклучиво преку адвокатите.

Портпаролот на Милан, Татјана Војтековски ги потврдила овие изјави.

Да точно е. Тој се обидува на човечки начин, надвор од судот да се договори со Северина, но сите негови обиди се залудни.

25.01.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега