И Заев „удри“ по Савова: Оди си

И лидерот на СДСМ Зоран Заев побара од пратеничката и поранешен висок функционер на Бихаќка, Наташа Савова да си поднесе оставка на пратеничката функција.

„Коментарот беше вчера даден од Социјалдемократскиот сојуз. Можам само да кажам дека наш политички противник е ВМРО-ДПМНЕ. Целта на раководството, на нашето членство, на нашите симпатизери е да го победиме ВМРО-ДПМНЕ. Чесно е секој оној од нашите редови кој апсолутно не се согласува или не сака да даде придонес кон таа цел, а тоа е да падне овој режим, да се повлече од својата партиска или која било друга функција делегирана од партијата и да отстапи место на некој друг кој ќе даде максимален придонес кон паѓањето на овој режим во Република Македонија“ - рече Заев на денешната прес конференција.

Раздорот во СДСМ изби на површина откако Савова преку социјалните мрежи порача дека не планира да биде пратеник на листата која ја креира „канцерот“ на СДСМ. Експресно и одговори портпаролот на партијата, Петре Шилегов кој и порача да си поднесе оставка. 

И Савова не му остана должна. Му порача дека мандатот може да им го врати само на граѓаните бидејќи тие ја избрале.

25.01.2014 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега