Балканот окован во снег и температури длабоко под нула

По неколкунеделното невообичаено топло време за овој период од годината, Хрватска и Босна и Херцеговина, со исклучок на јадранското крајбрежје, се заковани од снег и ниски температури, соопшти Танјуг

Хрватскиот главен град денеска се разбуди со температура од минус 7 степени Целзиусови, а во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи само до 2 степни под нулата.

Најстудено денеска ќе биде Ѓаково, каде се измерени минус 11 степни Целзиусови, додека во Осиек, Вировитица и Славонски Брод се измерени температури од минус 10 степни Целзиусови.

На јадранското крајбрежје паѓа дожд и снег со умерено силен северен ветер. На Сљеме и во Завишан паднаа 44 сантиметри снег.

Десет степни под нулата денеска беа измерени и во централна Босна и во Република Српска, а во Херцеговина температурите паднаа до минус пет.

Метеорологот на Федералниот хидрометеоролошки институт на Босна и Херцеговина Желко Мастровиќ изјави дека некои делови на земјата снежната покривка изнесува од 10 до 20 сантриметри и во текот на денот се очекува да се зголеми, а заради ветрот се можни и снежни виулици.

Мајстровиќ прогнозира дека ниските температури и вистинското зимско време во Босна и Херцеговина ќе се задржат до средината на февруари.

27.01.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега