Бомба во суд во Грција - нема повредени

Бомба утрово ги разбуди жителите на грчкиот град  Коринт. Бомбата била активирана пред судот во Коиринт но за среќа нема повредени, туку настаната е само материјална штета.

Бомбата била сместена во метална кутија која била поставена пред канцеларијата на истражниот судија која се наоѓала на приземје во објектот.

Грчката полиција  смета дека за ваквите напади одговорни се екстремистичките групи во земјата.

27.01.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа