Намалена затворската казна на Властимир Ѓорѓевиќ од 27 на 18 години

Поранешниот шеф за јавна безбедност на српското МВР Властимир Ѓорѓевиќ денеска беше осуден на 18 години затвор од страна на Хашкиот трибунал за злосторства извршени во Косово во 1999 година.

Со денешната пресуда Жалбениот совет ја намали првостепената пресуда од 27 години затвор за злосторства против човештвото и воени злосторства извршени над косовски Албанци од 1 јануари од 20 јуни 1999 година.

Жалбениот совет одлучи дека Ѓорѓевиќ ќе остане во Хашкиот трубунал, каде ќе чека до негово префрлање во земјата каде ќе ја издржува казната.

Ѓорѓевиќ, кој во тоа време бил и помошник министер на полицијата, е обвинет дека бил дел од здружен злосторнички потфат со цел да се протераат неколку стотина илјади Албански цивили од Косово, а што резултира со убиство на повеќе стотина цивили. Тој, исто така, е обвинет дека учествувал во организирање на пренесување на лешеви на косовски цивили и нивно закопување на повеќе локации во Србија.

Ѓорѓевиќ е уапсен на 17 јуни 2007 година во Црна Гора и истиот ден е предаден на судот во Хаг.

27.01.2014 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега